Пукале во пратеник од Киев, го убиле неговиот тригодишен син

by fokus 09:04
09:04

Во центарот на Киев, засега непознати напаѓачи пукале кон автомобилот на пратеник, при што е убиен неговиот тригодишен син.

Според полициски извори, автомобилот „ренџ ровел“ го управувал Вјачеслав Собољев, бизнисмен и пратеник на регионалниот совет.

- Advertising -

Украинското Министерство за внатрешни работи на Фејсбук објави дека „по ранувањето, детето починало во возилото за брза помош, на пат кон болницата“. Министерството засега не објави кој е сопственикот на автомобилот, ниту идентитетот на жртвата. МИА

 

Поврзани новости