456
Непознати лица синоќа после полноќ пукале кон вратите на хотелот „Александар Палас“. Според неофицијални информации во влезот на хотелот биле истрелани околу осум проектили. Од МВР го потврдуваат инцидентот и велат дека нема повредени, туку дека е предизвикана само материјална штета.
„На 06.11.2018 година во СВР Скопје било пријавено дека околу 03.20 часот непознато лице испукало неколку куршуми кон хотел на бул „8 септември“ во Скопје. Повредени лица нема, а биле оштетени неколку прозорски стакла и дел од фасадата. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.