Груевски се пронајде во мисла на Иво Андриќ: Мизерен е оној кој мора некого да понижи, за да се издигне самиот себе

by fokus

Истекува рокот до датумот на кој екс премиерот, Никола Груевски, треба да се јави на издржување на затворската казна која му е одредена во предметот „Тенк“. Тој денеска на својот фејснбук профил постираше мудра мисла на нобеловецот, Иво Андриќ, која можеби го доловува неговото духовно расположение.

„Мизерен е оној кој мора некого да понижи, за да се издигне самиот себе“, гласи максимата на Андриќ во која се пронашол Груевски.

 

Тој во четврток треба да се јави во затворот во Шутка на издржување на казната затвор, а утре собраниската Комисија ќе расправа за предлогот да му се одземе мандатот поради недостојност за извршување на функцијата.

Поврзани новости