554
Судскиот процес „Пуч“ се одложи за 13-ти ноември затоа што судот немаше доказ дека обвинетиот Зоран Заев е уредно поканет. Но независно од тоа одбраната приложи доказ дека денешниот ден Заев им работни обврски- состанок со преставници од Меѓународниот инвестициски фонд.
Исто така, одбраната смета дека нема овластен јавен обвинител во предметот од причина што со донесување на Законот за специјално обвинителство таа надлежност е кај Катица Јанева. Затоа е нелогично да се почне со судски процес кога истрагата ќе ја преземе специјалната обвинителка.