ПЦЕР против пратеници од дијаспората

by Фокус

Во македонското Собрание не треба да има пратеници од дијаспората. Како што стојат сега работите, имаме такви пратеници кои се избрани со само 200-300 гласа, а во Собранието ги гледаме многу ретко, еднаш во месецот, а се случува и да се појават еднаш на два-три месеца, реагира Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).

– Не ги потценуваме како граѓани на Македонија, тие нека гласаат за кого сакаат, но пратеник НИКАКО! Новата влада која ќе победи на изборите ќе има обврска да има министер за дијаспората и тој ќе биде доволен за комуникација со дијаспората, да ги пренесува нивните барања и предлози во Владата на Македонија – велат од ПЦЕР.

Опозициската партија бара од претседателот на Собранието на Република Македонија да го стави на увид на јавноста извештајот Мојот пратеник за да се знае кој пратеник колку е активен и дали си ја заслужува платата – посебно тие од дијаспората.

– Треба да се објави документот „Мој пратеник“ – таму пишува се,кој колку бил присутен, колку дискутирал и што предложил и колку амандмани имаат поднесено за дијаспората… Затоа не се потребни пратеници од дијаспората, доволен е министер. ВМРО ДПМНЕ нека не ја комплицират работата околу изборниот закон и да не се обидуваат да ја замајуваат јавноста со цел да се заборават нивните криминали – порачува ПЦЕР.

Поврзани новости