Во македонското Собрание не треба да има пратеници од дијаспората. Како што стојат сега работите, имаме такви пратеници кои се избрани со само 200-300 гласа, а во Собранието ги гледаме многу ретко, еднаш во месецот, а се случува и да се појават еднаш на два-три месеца, реагира Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).
– Не ги потценуваме како граѓани на Македонија, тие нека гласаат за кого сакаат, но пратеник НИКАКО! Новата влада која ќе победи на изборите ќе има обврска да има министер за дијаспората и тој ќе биде доволен за комуникација со дијаспората, да ги пренесува нивните барања и предлози во Владата на Македонија – велат од ПЦЕР.
Опозициската партија бара од претседателот на Собранието на Република Македонија да го стави на увид на јавноста извештајот Мојот пратеник за да се знае кој пратеник колку е активен и дали си ја заслужува платата – посебно тие од дијаспората.
– Треба да се објави документот „Мој пратеник“ – таму пишува се,кој колку бил присутен, колку дискутирал и што предложил и колку амандмани имаат поднесено за дијаспората… Затоа не се потребни пратеници од дијаспората, доволен е министер. ВМРО ДПМНЕ нека не ја комплицират работата околу изборниот закон и да не се обидуваат да ја замајуваат јавноста со цел да се заборават нивните криминали – порачува ПЦЕР.