Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денеска предложи дијапората да гласа, но не на посебни листи како досега, туку за истите листи што се гласа во Македонија.
-Сметаме дека нема потреба да се прават дополнителни трошоци и манипулации со граѓаните од дијаспората и сите права ќе ги уживаат како и секој граѓанин на Македонија, велат од партијата.
Од ПЦЕР соопштија и дека според нивни извори, за време на изборите во 2014 година, неколку од ромските лидери и членови на нивните партии со лаги ги убедувале Ромите од дијаспората да гласаат за нивната коалиција.
-Им ветуваа дека многу нешта ќе се изменат посебно за Ромите. Дека нема да има враќање од граница, ќе има вработувања за Ромите, дека за тие што се азиланти во Германија, Италија, Белгија и други држави ќе се изборат да добијат документи. Но тоа не се случи. Со глсањето за листите во Македонија тоа ќе се надмине, рекоа од ПЦЕР.