757
Нов вирус на птичји грип е откриен во Европа кој е сличен со оние што се идентификувани во Азија годинава. Вирусот претставува голема опасност за живината, посебно во посиромашните земји сместени крај Црното Море и источниот дел од Атланскиот океан каде поминуваат наоѓаат миграциските рути на дивите птици, предупредија денеска Организацијата за храна и за земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).
Германија, Холандија и Велика Британија потврдија дека го пронашле вирусот H5N8 во живинарски фарми, додека германските власти го изолирале виросот во дива птица.