Лионел Меси вечерва ќе го одигра својот последен натпревар за ПСЖ. Откако денеска ова го потврди тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, веста стана и официјална.
ПСЖ на својата официјална веб-страница му се заблагодари на Аргентинецот за се што му даде на клубот од Паркот на принцовите во последните две сезони.
Меси за ПСЖ одигра 74 натпревари и постигна 32 гола со 35 асистенции. Двапати беше шампион на Франција, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Меси во следните неколку часа ќе донесе одлука во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, а таа одлука ќе ја соопшти за неколку дена, пишува каталонски Спорт.
Тој не сака неговата преселба во нов клуб да стане сапуница, а 35-годишниот Меси наводно има четири понуди, пишува весникот.
Саудиски Ал Хилал му го нуди најголемиот договор во историјата, наводно 1,2 милијарди евра за две сезони.
Од Интер Мајами каде еден од сопствениците е и Дејвид Бекам го посакуваат Аргентнецот во тимот, а понуда има и од неговиот поранешен клуб Барселона.
#MerciMessi 🔴🔵 pic.twitter.com/Z3pjgH9f9Z
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 3, 2023