ПСЖ одбил 160 милиони евра од Реал за Мбапе

by fokus

Реал Мадрид ја даде првата официјална понуда за трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, објави „Goal.com“.

Според „Ел Чирингито“ Реал му понудил на Пари Сен-Жермен 160 милиони евра за Французинот и побарал дозвола да преговара со неговите застапници.

Парижаните одбија да го продадат 22-годишниот играч за оваа сума, пренесува „GFFN“, повикувајќи се на „TF1“.

Останува да се види реакцијата на Мбапе, кој неколку пати изрази желба да заигра за „Кралскиот клуб“.

Поврзани новости