Владата бара времено вработените во администрација да станат попишувачи

by fokus

Владата денеска донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органите на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции, и истото им го препорача на единиците на локалната самоуправа и на институциите под нивна надлежност.

Ова следува откако на десетина дена пред почетокот на пописот, недостасуваат 1.500 попишувачи.  Премиерот Зоран Заев деновиве потенцираше дека приходите за попишувачите се 25 000 до 45 000 денари за 25 дена анкетирање, апелирајќи граѓаните да се пријават како попишувачи.

Поврзани новости