Оваа аболиција ја уништува малата билка на доверба која што беше посадена со договорот од Пржино кој беше постигнат со посредување на Европската унија, рече австрискиот пратеник Стефан Шенах, кој ја предводеше делегациајта на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која на 26 и 27 беше во Скопје за да направи проценка за предизборната атмосфера на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.
-Апелираме аболицијата што ја донесе вашиот Претседател да се повлече што е можно побргу. Ги повикуваме партиите да ја почитуваат работата на ДИК, да помогнат на Комисијата да го изразат своето мислење на 20 мај кога се заклучува Избирачкиот список. Бидејќи квалитетно изработен Избирачки список беше од есенцијално и од големо значење за одржување фер избори, изјави Шенах.
Делегацијата на ПССЕ се сретна со собранискиот спикер Трајко Вељаноски, министерот за внатрешни работи, ДИК, со лидерите на политичките партии потписничи на договорот од Пржино, Јавниот обвинител, дипломатскиот кор, и со невладини организации.