„Достоинство“ положи цвеќе на местото каде загинаа бранителите во Вејце

by Фокус

Делегација на „Достоинство“  предводена од Стојанче Ангелов денеска положи цвеќе и запали  свеќи на местото каде загинаа осуммина припадници на АРМ и МВР по повод 15-годишнината од масакрот кај Вејце.

На 28 април 2001 година во Вејце од заседа беа убиени Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски

Во нивна чест министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, денес ќе ги посетат припадниците на полкот за специјални операции (ПСО) во касарната „Илинден“ во Скопје.

Поврзани новости