Психијатар Вујовиќ: Постои голем ризик дел од популацијата да декомпензира со состојба на лудило

by fokus

Психијатарот Викторија Вујовиќ во денешното гостување на ТВ 24 зборуваше за целата вонредна ситуација со корона вирусот и како таа влијае врз луѓето.

-Има многу информации, многу содржини, кои човек не може да ги следи. Освен корона вирусот, ние имаме и работа и семејства, и родендени и погреби, имаме животи. Луѓето ми се жалат на чувството на страв. Неконструктивен страв. Почнуваат да прашуваат кога ова ќе престане, дали вие знаете, а не сакате да ни кажете. Добиваат доза на сомнеж. Луѓето се дома, има многу време за размислување, дури постои ризик голем дел од популацијата да декомпензира со една состојба на лудило. Доволно е човек да не спие две, три вечери и да биде оптеретен со прашања, и ете ја психозата доаѓа. Ограничувањето е она што го плаши човекот, вели Вујовиќ.

Поврзани новости