Седумгодишно дете починало на Клиниката за детски болести, но било негативно на корона вирус

by Frosina Fakova

Седумгодишно дете починало на Универзитетската клиника за детски болести, потврдуваат од Министерството за здравство откако беше поставено новинарско прашање на прес-конференцијата на министерот, дали на детето посмртно му било земен брис за корона вирус. Но, од Клиниката велат дека двата бриса биле негативни и дека детето немало симптоми на новиот вирус.

На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус. Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата -теста биле негативни на КОВИД-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус, се вели во соопштението.

Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од КОВИД-19, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт. Утре ќе се земат и втор дел од анкетите и тие, како што соопштуваат од Министерството, најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот.

Поврзани новости