Првиот говор на Џо Бајден како претседател нема да биде за Доналд Трамп, изјави денеска портпаролката на новоизбраниот претседател, Џен Псаки, само неколку часа пред почетокот на инаугирацијата, јави ДПА.
-Ние трошиме многу помалку време во разговари и размислување и грижа за Доналд Трамп отколку што мислам дека повеќето луѓе претпоставуваат, изјави Псаки за Си-Ен-Ен, која ќе биде секретар за печат во Белата куќа.
„Ова е говор што гледа во иднината“, изјави таа за инаугуративното обраќање, што Бајден ќе го одржи откако ќе положи заклетва околу 17 часот по средноевропско време.
Псаки кажа дека говорот ќе се фокусира на темите за единството, додаде ДПА.
-Не очекуваме луѓето да се здружат преку ноќ, призна таа, но кажа дека идејата е „преку пообединет пристап да се оди напред“.