427
При преземање службени дејствија од страна на полициски службеници, вчера во скопско Ржаничино на возачот на БМВ со скопски регистарски таблици му било дадено знак да сопре, но тој продолжил со движењето во правец кон Катланово.
„Полициски службеници се упатиле по него и го запреле. Извршено било легитимирање на двете лица и утврдено било дека се работи за А.Г.(31), а возач бил С.Ф.(35) двајцата од Зелениково, кои при легитимирањето ги навредувале и омаловажувале полициските службеници“, соопштија од МВР.
Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.