Првиот сериски произведен електричен автомобил во светот, марка Митсубиши И-МИЕВ, стигна во Македонија. Компанијата Мак Аутостар денеска го презентираше овој автомобил кој ќе користи батерија што ќе се полни на електричен приклучок. Автомобилот ќе чини 26.000 евра, но едно полнење на батеријата, со кое може да се поминат 130 километри, чини само едно евро.
– На овој начин, овозможуваме да бидеме дел од глобалниот тренд за воведување на нови, напредни возила, кои од пред некој некоја година се означуваа како футуристички, а денес се реалност – изјави Владица Кокаловиќ, директор на маркетинг на Митцубиши Моторс Мак Аутостар.
Професорот на Машинскиот факултет во Скопје, Игор Ѓурков, истакна дека ова возило е одраз на рационалниот пристап во проектирањето на електрините возила, бидејќи се карактеризира со мала маса, голема комфорност за патниците и солидна автономија на движење.
– При возењето на овој автомобил не се расфрла непотребно при кочење, како кај другите возила – рече Ѓурков, според кого, овој автомобил е иднината на рационалното возење во градски средини.
Оливер Велковски од невладината Електромобилност, пак, посочи оти ваквата технологија во абтомобилизмот значи намалена бучава, намалено загадување на почвата и воздухот, помала цена за оддржување на возилото и други предности.
Досега, продадени се 30.000 електромобили во цел свет, при што го користат италијанската, шпанската и јапонската полиција, додека во Хрватска се користи за националните паркоци паркови.