По три дена поминати во притворското одделение во Шутка, секретарот на општина Битола, Слободан Бончановски оди во куќен притвор.Ваква одлука донесе денес Кривичниот суд, откако неговиот адвокат поднесе жалба на решението на судија на претходна постапка.
Бончановски заедно со битолскиот градоначалник Владимир Талевски се први осомниени во случајот „Транспортер” на Специјалното јавно обвинителство.
Заедно со уште деветмина тие се осомничени дека направиле 81 противправно дејствие со транспортот на ученици во Битола, кој бил наплаќан со двојно повисока сума од предвидената.
Од вкупно од 11 лица за кои СЈО побара притвор четворица завршија во куќен притвор а на останатите им се одземени пасошите.
Градоначалникот Талески пак, не е гонет затоа што е аболициран од претседателот Ѓорге Иванов.