„Шарената револуција“ со шарена структура на луѓе

by Фокус

На денешниот протест на граѓанското движење „Протестирам“ може да се забележи присуство на разновидна структура на луѓе. Моментално граѓаните пристигнуваат пред Владата, откако претходно ја обоија барокната зграда на Агенцијата за медиуми и поминаа пред ЕУ инфо центарот.

Освен голем број на граѓани, протестите се поддржани со присуство и од граѓански организации, десни, леви и центристички политички партии. Меѓу присутните се и Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, Горан Мисовски, пратени од редовите на ЛДП, Андреј Жерновски, градоначалник на Центар од ЛДП. Присутен е и претседателот на десничарската партија Достоинство, Стојаче Ангелов, како и претставници на Левица.

eeee

 

Поврзани новости