Првиот брод со украинско жито стигна до Турција

by Фокус

Првиот брод што вчера тргна од Одеса со украинско жито за светскиот пазар е регистриран денеска во водите на Црното Море во близина на брегот на Турција.

Бродот „Разони“, што плови под знамето на Сиера Леоне, вчера го напушти украинското пристаниште Одеса.

Координативниот центар во Истанбул е одговорен за инспекција на пратките со жито од три украински пристаништа до светските пазари, дел од неодамнешниот договор склучен меѓу Украина и Русија заедно со ОН и Турција.

Предвидено е бродот да биде подложен на инспекција утре наутро од заеднички контролен тим.

„Разони“, натоварен со околу 26.000 тони пченка, ќе продолжи за Либан по инспекцијата во Истанбул, процес за кој властите во тие земји се надеваат дека може да се повтори за идните пратки.

Поврзани новости