754
Државната изборна комисија на Хрватска ги објави првите неофицијални резултати од локалните избори.
По 69,47 проценти од обработените гласови во Загреб, Томислав Томашевиќ (Можеме!) убедливо води. На второ место е Мирослав Шкоро (Движење на татковината) кој се бори за второто место со Јелена Павичиќ Вукишевиќ (Милан Бандиќ 365) која му дише во врат. Давор Филиповиќ (ХДЗ) е на четвртото место, а Јошко Клисовиќ (СДП) е на петтото место.
Во Сплит, по 78,53 проценти обработени гласови, води Ивица Пуjак (Центар), следен од Вице Михановиќ (ХДЗ). Според сегашните резултати, Žеjко Керум (ПГС) не влегува во вториот круг.
Во Осијек, по 97,44 проценти обработени гласови, води Иван Радиќ (ХДЗ), следен од Бранислав Млинаревиќ (Движење на татковината).