Првични резултати на ДИК: „За“ гласале 90,94 проценти, „против“ 6,33 отсто

by Fokus

Според првичните податоци што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страница од обработени 30 проценти од избирачките места, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 90,94 проценти, а „против“ се 6,13 проценти.

Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.

Одѕивот на референдумот до 18.30 изнесуваше 34,09 проценти.

Поврзани новости