49
Првите прелиминарни резултати од претседателските избори во Русија покажуваат дека Владимир Путин освоил огромно мнозинство од речиси 90 отсто од гласовите.
Резултатите покажуваат дека 87,8 отсто од луѓето гласале за актуелниот претседател, откако гласањето на претседателските избори почна на 15 март, а заврши денеска.
Путин се бореше против тројца кандидати од партиите кои не го критикуваа неговото владеење или инвазијата на Украина – Николај Харитонов (Комунистичка партија на Руската Федерација) – 4,6 отсто од гласовите, Владислав Даванко (Нова народна партија) – 4,2 отсто и Леонид Слуцки (ЛДПР) – 3 проценти.
Вкупната излезност била 74,22 отсто.
Уделот на неважечките ливчиња е 1,2 отсто.