Првата дама на САД е заразена со Ковид-19

by fokus 18:44
18:44

Првата дама Џил Бајден е позитивна на тестот за Ковид-19, изјави нејзината портпаролка во вторникот.

„Откако тестот беше негативен за Ковид-19 во понеделникот за време на нејзината редовна каденца на тестирање, првата дама почна да развива симптоми слични на настинка доцна навечер“, рече во изјавата Елизабет Александар, директорката за комуникации на Џил Бајден.

„Таа повторно беше негативна на брз антигенски тест, но PCR тестот се врати позитивен“.

71-годишната прва дама, која е двојно вакцинирана и и со две бустер дози, има благи симптоми, рече Александар.

Поврзани новости