Во Албанија регистрирана е првата жртва заразена од новиот корона вирус.
Станува збор за 73-годишна жена од Драч, која починала од сериозни компликации, бидејќи боледувала и од други срцеви и белодробни болести.
– Седумдесет и три годишна пациентка со потврден Ковид -19 почина во 12:57 часот од сериозни компликации како резултат на неколку истовремени срцеви и белодробни заболувања. Боледуваше од други истовремени заболувања: хронична срцева инсуфициенција, СПОК, Nyha III, атријална фибрилација, хипертиреиза, соопшти Министерството за здравство.
Починатата жена пред 15 дена се вратила од Италија, а беше хоспитализирана во болницата во Драч на 3 март.
Во Албанија, според Министерството, досега регистрирани се 12 случаи со коронавирус, вклучувајќи ја и починатата жена од Драч.