Враќањето на опозициската коалиција предводена од СДСМ во парламентот е исклучиво со цел да се спроведе договорот од Пржино, рече координаторотот на опозициската пратеничка група, Горан Сугаревски, на првата пленарна седнциа во комплетен парламентарен состав.
– Избор на јавен обвинител, избор на нова преодна влада до вонредните избори во април, се само дел од главните цели – рече Сугарески, нагласувајќи дека специјалниот обвинител ќе треба да овозможи кривично да одговараат оние лица од власта за кои, според него, аудио снимките укажуваат дека ја злоупотребиле функцијата.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, пак, рече дека Сугарески ја злоупотребил можноста за процедурална реакција, бидејќи, како што рече тој, неговиот говор воопшто не бил процедурален.
-Секогаш ние ќе инсистираме на почитување на Деловникот, на Уставот и на законите и тоа нема да биде исклучок ниту за СДСМ, ниту за свети СДСМ, да се изразам како што во една прилика се изрази еден нивен поранешен претседател – изјави Димовски.
Џевад Адеми од ДУИ оцени дека враќањето на опозицијата во Законодавниот дом е пзоитивно, бидејќи ќе овозмоѓи дебата, а не како досега – само да се гласаат закони.