Ср донесе првата пресуда за случајот поврзан со смртта на малата Тамара Димовска од Велес. Условна казна затвор една година доби претседателката на управниот одбор на Фондот за здравство на која и се судеше во одвоена постапка, објави Телма.
Судијата Марин Станевски ја донел ваквата пресуда во која се условува поранешната претседателка на управниот дека ќе оди во затвор само ако во рок од три години направи ново кривично дело.
Пресудата се уште не е правосилна и течат роковите за жалба. Поради здравствени проблеми судењето за неа беше одвоено од судењето против останатите единаесетмина обвинети меѓу кои се доктори од двете комисии кои одлучуваат за лекувања во странство како и тогашните директори на фондот. Инаку сите се обвинети за несовесно работење во службата.
Девојчето почина во февруари 2015 та чекајќи државата да и овозможи операција во странство за сколиозата која ја имаше. Процесот против докторите и директорите започна во јуни 2017 та и се уште не е завршен. Следното рочиште е на 12 ти јуни.