Црногорскиот институт за јавно здравје денеска соопшти дека во таа земја е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници и дека заболениот е во добра здравствена состојба.
Со тоа Црна Гора се приклучи на листата од 79 земји каде е регистрирана оваа болест.
„Лабораторијата на Одделот за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во соработка со Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак од Белград, го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница“, соопштија црногорските епидемиолози.
Нагласија дека ќе продолжат да ја следат епидемиолошката состојба и соодветно да ја информираат јавноста.
„Исто така, известени се сите надлежни институции согласно националните и меѓународните протоколи“, се наведува во соопштението.