479
Првиот прислушуван разговор, од третата бомба на Зоран Заев, е во врска со апсењето на Љубе Бошкоски во случајот „Кампања“, во 2011 година.
На оваа тема разговараат Драган Павловиќ-Латас и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Мијалков на Латас му објаснува како бил апсен Бошкоски, како 40 минути лежел на стомак, и како сите медиуми го снимале и фотографирале.
-Ќе лежи најмалку 8 години. Не го вади Господ. Ќе слават заедно со Велија, вели во разговорот Мијалков. Тој дофрла и вулгарности, односно истакнува дека ќе му пуштел некој специјален на Бошкоски во ќелија.