519
Новата грчка влада на Сириза изминатата ноќ се соочи со првите анти-владини протести. Групата демонстранти дивеела низ центарот на Атина, незадоволна од економската состојба и од договорот што Владата го склучи со Европската унија за продолжување на програмата за помош на Грција. Толпата која протестирала фрлала камења, палела излози и кршела автомобили, по што интервенирала полицијата.
Овој протест е прв против Сириза и премиерот Ципрас, кој на граѓаните им ветуваше отпишување на дел од долгот и прекинување на непопуларните мерки за штедење. За наредните денови се најавени уште помасновни протести.