Прв онлајн митинг на Вучиќ – опкружен со монитори и аплаузи

by fokus

Опкружен со бројни монитори и прекинуван со аплаузи, српскиот претседател, Александар Вучиќ го одржа првиот онлајн собир, насловен како „За нашите деца“, којшто беше пренесуван на сите социјални мрежи.

Вучиќ пораките на гласачите им ги испрати стоејќи сам на говорница во празно студио.

-Три работи на кои ќе посветиме внимание: тоа се здравството, образованието и инвестициите. Да ги доведеме нашите луѓе назад, затоа што се важни инвестициите. Секој кој го научил својот занает, останете овде, на сите ќе им биде неспоредливо полесно и подобро“ порача Вучиќ.

Во услови кога на сила се уште се епидемиолошките мерки поради пандемијата со коронавирусот, во Србија започна кампањата за парламентарните избори закажани за 21 јуни.

Поврзани новости