Протуѓер и Тарчуловски неовластено користеле државни возила и обезбедување

by Фокус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска обеледени десетина партиски функционери на власта на кои неовластено и со усна наредба им биле доделени службени возила и обезбедување од МВР.

Меѓу нив се: Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата, Емил Димитриев, пратеник и генерален секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Михајло Маневски – поранешен министер за правда, Мартин Протуѓер – советник на премиерот, Гоце Ѓуклески од Националниот координативен центар, Јохан Тарчуловски и пратеникот Амди Бајрам.

-Ова се сериозни процедурални недостатоци кои укажуваат на фактот дека во Македонија партијата не е поделена од државата. МВР не било на РМ, туку на ВМРО- ДПМНЕ. Ова е направено надвор од сите законски овластувања со усна наредба од страна на надлежните. Ќе се преиспитааат сите индиции. Се работи за сомнеж за пречекорување на овластувањата со кои е нанесена штета на МВР. Стотици луѓе биле ангажирани за обезбедување со субјективни одлуки и контактирана е злоупотреба во рок од 24 часа на службените возила, додека оперативните и инспекциските служби немаат возила или се служат со стари, рече министерот Спасовски.

Тој соопшти дека службените возила и обезбедувањето им биле доделени  со усна наредба на началникот на Шестата управа при МВР, кој е сменет непосредно пред да дојде новиот министер. Спасовски веднаш издал наредба возилата и обезбедувањето веднаш да им бидат одземени, а тогашниот начаник да образложи зошто усно издал ваква наредба.

Поврзани новости