Обвинетите за Дива Населба се изјаснија за невини

by Фокус 18:24
18:24

Сите 29 обвинети за терористичкиот напад во кумановската Дива Населба на денешната јавна седница во Судот се изјаснија дека се невини. Нивната одбрана тврди дека тие всушност се бранеле од полицијата и дека немало докази за делото за кое се обвинети: терористички напад и учество во терористичка организација. Исто така, одбраната побара овој случај да го преземе специјалната обвинителка Катица Јанева.

Од друга страна, обвиниетлот Наум Пановски рече дека  утрото на 9 мај кога пристигнале полицајците, најпрво врз нив била фрлена бомба, а потоа и вооружената група отворила и оган кон полициските сили. Тој го потенцираше бројот на загинати полицајци и ранети.

- Advertisements -

Денешната јавна расправа се уште трае и се очекува таа да заврши во доцните вечерни часови. Во понеделник ќе се знае дали обвинителниот акт ќе биде прифатен ваков каков што е сега или ќе се преработува.

 

Поврзани новости