357
Иако се најавуваше да се оддржи во средината на март во Охрид, средбата меѓу претставници на пратеничките групи во Собранието, иницирана од тројката европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, е одложена за мај.
Според информации од канцеларијата на Вајгл, причината за одложување на средбата, на која требаше да присуствува и еврокомесарот Јоханес Хан, е само поради организациски причини.
Инаку, таканаречениот процес Жан Моне се иницира за подобрување на дијалогот меѓу пратеничките групи по собраниските настани од 27-ми април лани, а меѓу приоритетните теми на разговор треба да бидат измените на собранискиот деловник и усвојување на етички кодекс.