481
Вкупната штета во оштетените станови од гевгелиската зграда, направена од пожарот на 30 јули годинава, изнесува нешто повеќе од 4,9 милиони денари, се вели во Елаборатот изготвен од Општинската комисија за проценка на штети предизвикани од елементарни непогоди.
Вкупната сума на штетата на станбената површина е 4,6 милиони денари, изгорената столарија, мебел и апарати за домаќинство во опожарените шест станови од поткровјето, а околу 350.000 денари изнесува штетата на индиректно оштетените станови од петтиот кат предизвикана од водата при гасењето на огнот.
Уништени се шест стана а пријави за претрпена штета поднеле 15 физички лица, а правниот субјект не поднел пријава за штета.