395
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко подолг период не е виден во јавноста, поради што се појавија разни шпекулации за неговата здравствена состојба.
Лидерката на опозицијата во егзил, Светлана Тихановскаја ги повика граѓаните на Белорусија „да бидат добро подготвени за секое сценарио“.
-Се шират многу гласини за здравствената состојба на диктаторот Лукашенко. Мора да бидеме добро подготвени за секое сценарио. Да ја ставиме Белорусија на патот на демократијата и да ја спречиме Русија да интервенира, напиша на Твитер Тихановскаја.