Драган Ковачки освен што е политички дезертер од Армијата, против него има поднесено и кривична пријава, велат од СДСМ по обвинувањата на пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки за премиерот Димитар Ковачевски дека дезертирал од служењето на воениот рок и дека лажел.
-Ковачки беше Полковник во АРМ, но политички дезертираше и ја напушти Армијата за да му слугува на Мицкоски како пратеник.
Дополнително јавноста треба да знае дека против Драган Ковачки има и Кривична пријава, за фалсификување исправа.
Кривичната протв Ковачки е поднесена до Судот во Делчево од страна на СВР Делчево, неговиот роден град. Иако станува збор за дело направено пред неколку години тоа многу говори за матрицата и кредибилитетот на Ковачки.
Ете до толку е очаен Мицкоски, реагираат од СДСМ.