559
Град Скопје го изврши третото продолжено авионско прскање против комарци. Прскањето, како што посочуваат, ќе се одвива и во наредните три дена, а во понеделник ќе продолжи од земја и ќе се одвива до 17 август.
Градските служби истакнуваат дека заради зголемените врнежи во изминатиот период се создала поволна клима за брзо размножување на комарците, па одлучиле третото прскање наместо два дена да трае четири дена. Уште две прскања против комарци се планирани кон крајот на месецов и на почетокот на септември.
Граѓаните пак своето незадоволство од наездата на комарци секојдевно го споделуваат на социјалните мрежи, обвинувајќи ги градските служби дека задоцниле со прскањето.