Активностите на иницијативата „Протестирам” на вечерашниот протест, завршија пред седиштето на Државната изборна комисија, чија зграда беше обоена во боите на Шарената револуција.
Дел од демонстрантите од таму се упатија кон Владата, што предизвика хаос во сообраќајот, бидејќи улиците не беа блокирани за автомобили, па граѓаните се движеа меѓу нив.
Демонстрантите на денешниот протест порачаа дека нема да прифатат избори се додека не им се стават крај на изборните манипулации. Тие бараат целосно прочистен Избирачки список и исполнување на сите предуслови за фер и демократски избори.
Пред канцелариите на ДИК, граѓаните со шарени бои испишаа „Шарен е крајот“, „Револуцијата е шарена“
Протести денеска имаше и во Куманово, Штип, Прилеп, Крива Паланка. , Велес, , Тетово, Битола, Струмица, Радовиш и во Гевгелија.