416
Откако незадоволните граѓани својот револт го искажаа пред Министерството за култура поради потрошените пари од ова министерство за проектот Скопје 2014, сега тие пристигнаа пред Владата.
Демонстрантите скандираат „Оставка“, „Нема правда, нема мир“ и „Но пасаран“. Нивните барања се:
-Уставен суд да се произнесе за уставноста на СЈО
-Формирање на специјален суд на предметите на СЈО
-Одложување на изборите
-Формирање на преодна влада за имплементирање на препораките на Прибе
-Повлекување на општата аболиција и оставка од Иванов