Полицајци поставуваат кордони на крстосниците околу парламентот за да спречат собир на граѓани. Тоа го прават на крстосницата кај Црвен крст каде се пренасочуваат возилата и не се дозволува сообраќај низ улицата пред Собранието.
Истото се случува и на другите околни крстосници. Како што се спречува обидот на граѓаните да се собираат пред Владата, денеска тоа се прави и кај Собранието. Иста е сликата и кај Владата. Со оглед дека е спречено движењето на демонстрантите тие мораа да се упатат кон Јавното обвинителството. Таму сега го изразуваат својот револт и бараат оставка од министерката Јанкуловска.
Со познатиот извик „Нема правда нема мир“ насобраните граѓани и попладнево негодуваат со постапките на власта, особено со криење информации за убиството на Мартин Нешковски.