Денешниот протест на граѓаните поради дивата депонија во Тетово која се запали вчера по што се рашири неподнослива смрдена и црн чад низ целиот град, според градоначалничката Теута Арифи е со политичка позадина. Арифи уште една посочи дека пожарот што избувна е ставен под контрола.
Таа посочи дека е веќе завршена изградбата на нова претоварна станица и дека Општината е при крај со изградбата на станицата за селектирање на отпадот.
-Многу е симптоматично што откако сите овие чекори беа направени и откако се знаеше дека со овие активности треба да се започне од почетокот на оваа недела се случи вчерашниот пожар за што ние имаме определени индикации кој го подметнал и тоа ќе го доставиме до надлежните органи за тие да ги најдат вистинските сторители како што ние ги изнајдовме решенијата за овој проблем. Секој што сака да прави политика и политички спектакал од овој и други децениски проблеми на граѓаните апсолутно го избрал погрешниот пат и мислам дека граѓаните ќе го ценат тоа најдобро – рече Арифи.