534
Попладнево започна маршо за чист воздух, а почетна точка беше Министерството за животна средина и просторно планирање.
Протестирачите порачаа дека ниту една Влада не се занимавала посериозни со проблемот и веруваат дека ќе испратат силна порака до надлежните институции.
„Проблемот со захадувањето во Скопје е веќе 30 години нерешен. Тоа е еден вид атомска бомба за градот. Ова прашање е многу сериозно, а гледаме дека протестираат и вработените во ОХИС но никој не ги земја во обзир. Имаме 12 жешки точки во Република Македонија и тоа е сериозно. Гледаме дека сите влади се однесуваат ноншалантно во однос на тоа прашање“, порачаа протестирачите.