Протести за независност во Каталонија

by fokus

Илјадници Каталонци вчера собраа со маски на лицата на десетици мали протести за повторно да побараат независност за овој шпански регион, и покрај предупредувањата од здравствените власти граѓаните да избегнуваат митинзи за време на пандемијата со Ковид-19.

На сите собири се почитуваше мерката за физичка дистанца, освен на еден, што се одржа синоќа во центарот на Барселона, каде се собраа неколку стотици сепаратисти.

Некои од нив носеа факели со кои запалија кукла со ликот на шпанскиот крал Фелипе, како и кутии со логоата на шпанските корпорации и јавни институции, пренесуваат британските медиуми.

Во Каталонија вчера, инаку, се одбележа Ла Диада, односно годишнината од падот на Барселона под шпанска власт во 1711 година.

Според организаторите, на протестите учествувале речиси 60.000 лица.

Поврзани новости