Протести во Сараево: Кој е одговорен што не ја заштити жртвата?

by Fokus

По повеќекратните убиства во Градачац, во Сараево беа одржани мирни протести со цел да се привлече вниманието на јавноста на фактот дека фемицидот треба систематски да се казнува.

Фондацијата CURE, која е организатор на протестот, објави и „некролог“ со порака: „Жена, сопруга, мајка. Убиена затоа што го пријавила насилството. Градачац, 11.08.2023. Ожалостени: Граѓани на Босна и Херцеговина“.

Со транспаренти во рацете, свирежи во устата и пораки до надлежните, насобраните го повикаа Обвинителството на ТК да истражи и да ја информира јавноста за ова:

– Како дошло до протекување информации и како сторителот дознал за пријавата?

– Зошто немаше соодветна реакција на пријавата, особено имајќи го предвид криминалното минато на сторителот?

– Кој е одговорен за неуспехот да се заштити жртвата?.

Протести се одржаа и во Мостар.

Денеска Нермин Сулејмановиќ најпрвин до смрт ја претепа поранешната сопруга, а потоа ја застрела. Сè во живо пренесуваше на Инстаграм. Покрај неа убил сосед и неговиот син и ранил три лица.

Поврзани новости