Протести во Русија, стотина уапсени во Владивосток

by Fokus

Околу сто лица се приведени на денешните недозволени протести на приврзаниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални во Владивосток.

Во Екатеринбург, во регионот Свердловск, околу 2.300 луѓе се собраа на протестите, соопшти регионалното Министерство за внатрешни работи.

Како што пренесе агенцијата ТАСС, полицијата во Москва приведе едно лице кое јавно ги повикуваше граѓаните преку социјалните мрежи да демонстрираат и да се судрат со припадниците на безбедносните сили.

Во сибирските градови Краснојарск, Барнаул и Новосибирск беа приведени повеќе од десетина демонстранти.

Поврзани новости