Протести против поскапувањето на струјата: Национализација, pse jo?

by fokus

Протести против одлуката за поскапувањето на струјата денеска се одржаа во Скопје, Тетово, Кичево, Гостивар и Куманово.

Протестот во Скопје започна во Паркот на жената борец и во паркот во Чаир, од каде потоа се упатија пред зградата на Владата.

– Во услови на пандемија, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, многу влади во Европа ја намалија цената на струјата додека трае кризата. Но кај нас не беше така. Кај нас ја поскапија струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани? Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата, истакнаа организаторите.

Тие бараат итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија, владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните, формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги, владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација и намалување на цената на електричната енергија за 46 проценти (отстранување на 33 отсто од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 отсто на 5 отсто).

Поврзани новости