553
Илјадници луѓе ширум Австралија протестираат против расната дискриминација и расно мотивираната полициска бруталност.
Протестите се одржуваат и покрај апелите на властите тие да бидат откажани поради стравувањето од појава на втор бран на епидемија со новиот коронавирус.
Демонстрантите носат маски и делумно ја почитуваат мерката за физичка дистанца, носат транспаренти на кои пишува „Нема правда, нема мир“ и „Извинете што пречиме, но се обидуваме да го смениме овој свет“.
Во Мелбурн и во Сиднеј демонстрантите побараа ослободување на бегалците, кои се во долготраен, неоснован притвор.