Итно одземање на концесијата на „Еуромакс Ресорсис“ за рудникот „Иловица“ и итно донесување на измените на законот за металични минерални суровини. Ова се барањата на активистите против изградба на рудници кои ги упатија до Владата и Собранието од денешната блокада на патниот правец Струмица – Бугарија, објави Телевизија 24.
Разочарани што институциите не преземаат мерки, активистите со протести и блокади ќе се противи на изградба на рудници.
„Властите да преземат конкретни мерки за одземање на концесијата на концесионерот Еуромакс, тие веќе 2 години се во незаконски дејанија“ – изјави Стојан Велков – граѓански активист.
„Оваа блокада нема да биде последна, како идни чекори би се радикализирале, би го блокирале целиот Југоисток“ – вели Милена Зафирова- граѓански активист.
По денешниот протест на активистите се јави и компанијата Еуромакс кој истакнвуа дека ја поздравува секоја активнсот на невладините организации кои се залагаат за заштита на животанта средина но според компанијата тоа не мора да биде на сметка на добросостојбата и просперитетот на локалната заедница.